Поранешниот аргентински селектор, Диего Армандо Марадона, ќе му се извини на Лионел Меси, потврдил застапникот на легендарниот фудбалер.

Марадона, кој сега работи како тренер во втората лига во Мексико, во екипата на Дорадос, неодамна во едно интервју рекол дека Меси не е лидер на репрезентацијата.

„Не можете да правите лидер од играч што 20 пати оди во тоалет пред почетокот на натпреварот. Не треба повеќе од него да правиме божество и тој е човек. Во националниот тим тој е уште само еден играч“, рекол Марадона во тоа интервју.

„Диего има намера да го побара Меси и да му се извини“, рекол застапникот на Марадона и дополнил.

„Тој има посебен стил на говор и едноставно беше погрешно разбран“.

извор: Makfax