x

Марадона ставен во изолација откако неговиот бодигард е болен од Ковид-19

dorados-de-diego-maradona-04-05-e1561107394299

Поранешниот аргентински фудбалски виртуоз Диего Армано Марадона е во самоизолација откако еден од неговите бодигарди имал позитивен тест за новиот корнавирус. Аргентинецот, кој во петок ќе го прослави својот 60-ти роденден, и самиот ќе се тестира.

Лекарот кој се грижи за неговото здравје му препорачал веднаш да се стави во изолација, затоа што спаѓа во ризичната група. Доколку неговиот тест биде негативен, тој ќе може да ги предводи своите фудбалери од Гимназија Ла Плата на мечот во петок.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата