x

Марадона со „десетката“ го спасува Наполи

Дресот стар 33 години, кој го носеше легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Марадона е продаден за 55.000 евра на интернет аукција за помош на Наполи во битката со коронавирус.

„Ќе победиме уште еден натпревар, за Наполи и нашите сакани фанови. Можеби ова е најважниот меч кој заедно со победивме, обединети како и секогаш. Ти благодам на Чиро, уште еднаш ми овозможи да  почуствувам емоции дека сум дел од овие неверојатни луѓе.

Ми овозможи да го слушнам хук на 80.000 луѓе, бидејќи оваа иницијатива собра 80.000 евра, благодарение и на мојот дрес. Ова е незаборавно. Среќен сум што имав можност да помогнам на луѓето во овие тешки моменти“, се огласи Марадона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата