Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува известувањето на одговорниот уредник на „Телма“ телевизија Атанас Кировски до вработените и неговите забрани за нивни личен, индивидуален начин на изразување на социјалните мрежи. Според нив, ваквото известување е спротивно на Законот за медиуми кој ја регулира работата на новинарот во медиумот во кој работи, а не и неговите активности на социјалните мрежи.

(Извор: Фејсбук)

„МАН го потсетува Атанас Кировски кој заедно со ЗНМ беа главни противници за регулација на интернет просторот во РМ (портали и социјални мрежи) уште во 2013 година кога тоа беше официјален предлог на МАН. И ниеднаш не се заложи за укинување или регулација на подземјето кое се преставува како новинарска фела и сеуште езгистира и го нарушува медиумскиот пазар. Вакво известување е спротивно со Законот за медиуми (член 8 став од 1 до 4 во кој се регулираат обврските на одговорниот уредник), како и член 11 став 1 од истиот закон од причини што тој член ја регулира работата на новинарот во медиумот во кој е вработен, но не и на социјалните мрежи (кои не се законски регулирани во Република Македонија). Истовремено, преставува мобинг според член 5, став 1 од законот за спречување на мобинг“, велат од МАН.

Од Асоцијацијата наведуваат дека профилите на социјалните мрежи се лични профили на вработените, нивен личен медиум, а не сопственост на „Телма“ или било кое друго правно лице или невладина организација.

„Веруваме дека до тука сите запознаени со правилата на социјалните мрежи и законите во РМ. Оттука, секој има право да објавува, доколку не се коси со законите и Уставот, односно не е ширење на говор на омраза, национална и верска нетрпеливост, лажни вести, навреда и клевета, лажни обвинувања за криминал од секаков вид. Доколку се објавуваат линкови и информации поврзани со медиумот во кој работат или друг медиум, важно е да се почитуваат правилата на саморегулација. Сè останато треба да се регулира со писмен договор на двете страни“, се вели во соопштението.

Го потсетуваме, велат од МАН, одговорниот уредник на „Телма“, Атанас Кировски дека токму тој е активен корисник на социјалните мрежи, па оттука, позитивен пример би дал доколку самиот тој прв започне да ги користи согласно неговите законски права и обврски, а не за политички проценки, кои се покажаа како целосна утка.

Кировски вчера им забрани на вработените во телевизијата да објавуваат коментари, мислења и анализи на личните профили на „Фејсбук“, „Твитер“ и други социјални мрежи кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на телевизијата и најави казни за оние кои нема да го почитуваат ова.

извор: Makfax