Законот за медиуми го штити новинарот во изнесување на своето мислење, а изнесувањето невистини е клевета.

„Законот за медиуми во членот 11 му дава право на новинарот да го изнесе својот став и мислење доколку се придржува кон професионалните правила на новинарската професија утврдени од новинарските асоцијации“.

МАН го поздравува ставот на редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија кои целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.

Воедно, МАН потсетува дека клевета е изнесувањето на невистини, особено ако тие се јавно изнесени.  Во случајот на Бојан Јовановски, тој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу „1ТВ“ и „Макфакс“, а за кои редакцијата на Макфакс јавно се произнесе дека се невистинити.