x

Манчестер Ј. со 70 милиони фунти тргна по Саул

saul

Манчестер јунајтед уште еднаш тргна по играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигуез, пренесува „Дејли Стар“. Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 70 милиони фунти за 25-годишниот Шпанец.

Газдите на Јунајтед имаат намера да му понудат на играчот договор за 5 години. Во сезоната 2019/20, Саул одигра 47 натпревари за Атлетико и постигна 7 голови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата