x

Манчестер Ј. започна преговори со Баерн (М) за Кингсли Коман

bayern-coman

Манчестер јунајтед е заинтересиран за услугите на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман. Како што пишуваат островските медиуми, раководството на „црвените ѓаволи“ веќе имало разговор со преставниците на германскиот шампион на тема трансфер на 24-годишниот Французин.

Договорот на Коман со Баерн Минхен е со важност до 30 јуни 2023 година. Трансферната цена на фудбалер е проценета на 40 милиони евра, што веројатно нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.

Коман се очекува да биде подготвен да прифати трансфер во Англија, со оглед на тоа што во Баерн пристигна Лерој Сане. За следната недела е најавен нов состанок на двете страни, по кој се очекуваат и нови детали.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата