x

Манчестер Јунајтед подготвува 30 милиони евра за Кулушевски

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски и дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието во овој преоден рок, и во следните, откако Манчестер Јунајтед подготвува понуда од 30 милиони евра да го привлече играчот на Парма.

Наводно скаут на Јунајтед бил на стадионот во Неапол, да го следи мечот Наполи – Парма, и го забележал Кулушевски, кој што на тој натпревар постигна гол, а неговиот тим дојде до триумфот. Кулушевски го „измрда“ Кулибали, и даде гол. А, според информациите, токму за Кулибали биле дојдени челниците на Јунајтед.

Кулушевски пред неколку недели дебитираше за Шведска на официјален меч, и со тоа е завршена приказната за Македонија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата