x

Манчестер Сити има пари за Меси: „Ние сме подготвени, останува тој да одлучи“

mesi

Еден од првите луѓе на англискиот гигант Манчестер Сити, Омар Берада, изјави дека „граѓаните“ следното лето ќе се обидат да го донесат Лионел Меси во своите редови, доколку Аргентинецот се уште сака да ја напушти Барселона.

Меси беше на чекор до напуштање на „Камп Ноу“, а Сити се споменуваше како негова следна дестинација, најмногу поради менаџерот Пеп Гвардиола. Сепак, следеше двонеделна дискусија меѓу двете страни, и на крајот на аргентинскиот фудбалер немаше друг избор освен да остане во каталонскиот клуб.

Берада вели дека „граѓаните“ се подготвени доколку Аргентинецот реши да замине да му понудат сума која не се одбива.

„Тој е најдобриот фудбалер на светот, најдобар во неговата генерација. Мислам дека секој клуб во светот би сакал да има можност да го донесе во своите редови. Ние сме подготвени, останува на него“, вели Берада.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата