x

Манчестер Сити го купи Клајверт за 2,2 милиони фунти

И Манчестер Сити си има свој Клајверт. Но не се работи за Џастин, синот на славниот Патрик Клајверт ниту нивен роднина, туку за перуански фудбалер кој го носи истото име.

Станува збор за 16-годишниот Клајверт Агијар, член на Алијанца Лима. Овој фудбалер кој името го добил по холандскиот голгетер Патрик Клајверт, во март минатата година му се приклучил на Алијанца, а после само неколку натпревари го истакнал својот раскошен талент.

Скаутите на Сити го забележале и го препорачале на раководните луѓе кои решиле да повлечат чекор. Спорд перуанските медиуми, англискиот клуб платил 2,8 милиони долари (околу 2,2 милиони фунти) за трансферот на Агијар што претставува најскап трансфер во перуанскиот фудбал кога се работи за преселба од перуански клуб во странство, дури повисок од трансферите на Жорди Рејна во Салцбург, Џеферсон Фарфан во ПСВ, Клаудио Пизаро во Вердер или Андре Кариљо во Спортинг Лисабон.

Сепак, Клајверт Агијар ќе продолжи да игра за Алијанца Лима се додека не стане полнолетен, а потоа ќе се пресели во Манчестер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата