Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски преку својот фејсбук профил информираше дека поради позитивниот тест за Ковид-19 на заменик министерот Бајдевски и неговиот возачот, ќе биде во самоизолација.

„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.

Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Covid 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација.

Чувајте се и бидете здрави“, напиша Манчевски.

извор: Makfax