x

Мане: Клоп не ме сакаше во Дортмунд, a сакав да играм за Манчестер Јунајтед

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане бил пред трансфер во Манчестер Јунајтед меѓутоа место на „Олд Трафорд“ завршил во Ливерпул. „Црвените“ кои се лидери во Премиер лигата оваа сезона го купија Мане во 2016 година од Саутемптон за 34 милиони фунти.

Тогаш Саутемптон беше многу лош. Тоа беше тежок период за мене затоа што седев на клупата и ми недостасуваше играњето фудбал. Ми требаше средина во која ќе можам да се развивам. Мислев за трансфер во Манчестер Јунајтед. Тие ме бараа, јас бев спремен да отидам таму, но Клоп ме повика и отидов таму. Задоволен сум од тоа што Клоп го направи за мене и што не ме сметаше само за рапер (ситуација објаснета подоле)“, изјави Мане за „Тајмс“.

Интересно, Јирген Клоп го донел Сенегалецот во Ливерпул, а претходно не го сакал во Борусија Дортмунд затоа што му изгледал на рапер, а не на фудбалер.

Клоп тоа го објасни во документарец:

Тоа се случи кога бев во Дортмунд. Имаше едно момче од Салцбург кое седеше на клупата. Ми се виде интересен, но не ми се допаѓаше капчето што го носеше, кое се уште го носи. Ми изгледаше како рапер кој повеќе го интересира музиката отколку фудбалот“, кажа Германецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата