Уметникот Коле Манев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“  рече дека Заев, Димитров, Шекеринска и Османи треба веднаш да си дадат оставка од своите функции затоа што ги ставија на маса националните, историските вредности односно целото богатство на една држава.

-Јас мислам дека ако има трошка човечност  во овие луѓе Заев, Димитров, Шекеринска, а сега гледам и Османи го вклучија како министер за надоврешни работи и ако ја сакаат државата треба да си дадат оставкка.Според мене треба да се направи техничка, стручна влада бидејќи тие се покажаа дека не се кадарни во оваа држва. Не можеш да ги ставиш сите национални вредности, историски вредности,  цело богатсво, традиција, култура што е на една држава на маса, а од друга страна велат ќе добиеме датум за преговори за членство во ЕУ. Што ако не добиеме? Еве влеговме во НАТО, што добивме, има некои значајни промени?Истото ќе биде и со Европската Унија, истакна уметникот Манев во своето гостување.