Белградската делегација вчера во Виена побара позначајните православни цркви и манастири во Косово да ги чуваат специјално обучените сили на српската плиција. Согласно на резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН нив би ги придружувале меѓународните воени сили во покраината.
Образложувајќи го ова барање пред новинарите, Леон Којен рече дека тие го отфрлиле предлогот на Ахтисари, нив да ги чува локалната полиција и меѓународните сили.
Преговарачките тимови на Белград и Приштина вчера во Виена постигнаа согласност околу некои економски прашања за заштината на српското културно наследство-изјави членот на белградскиот тим, Душан Батаковиќ. Според него постои можност за договор и околу општите начела од предлогот на Ахтисари кои се однесуваат на заштита на културното наследство.
“Во општите начела имаше малку недоразбирања, па и тука сме близу спогодба” – нагласи Батаковиќ и потсети дека Белград инсистирал на прецизноста на Анексот 5 од предлогот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за културното наследство, што беше главна точка на вчерашната виенска средба меѓу двата тима. Едно од главните барања на српската делегација беше и прашањето на согласноста околу заштитната зона на манастирите, како би се спречила недозволената градба во нивна близина која последниве години е се поевидентна. Ваквите усогласувња се многу важни и би требале да бидат над локалното законодавство.