x

Мамиќ сака големо име во Динамо: „По Нико Ковач би тргнал пешки, ама…“

Динамо Загреб и натаму е во потрага по тренер. Првиот човек на клубот од сенка Здравко Мамиќ најавува дека посакува големо име. Но име еден проблем…

Тој вели дека за Нико Ковач би тргнал пешки да го убедува, меѓутоа тешко дека тој ќе прифати.

„За Нико Ковач би тргнал пешки до Германија. Но, не сум сигурен дека тој би прифатил. Сепак, станува збор за елитен тренер. Еве, ако ги чита овие мои пораки, нека испрати некаков сигнал ако е заинтересиран. Многу би сакал да го води Динамо, ама мислам дека не е реално. Не би го свртел неговиот број да го барам за да биде тренер. Неговите цели и амбиции се далеку поголеми“, рече Мамиќ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата