x

Мамиќ до Седлоски: Колку чини Али Адем?!

Динамо Загреб е заинтересиран за услугите на вардаровиот фудбалер, Али Адем. СПОРТМЕДИА и претходно откри дека 19-годишниот фудбалер на мета на хрватскиот тим.

Дознаваме дека спортскиот директор на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ остварил контакт со спортскиот директор на Вардар, Гоце Седлоски. Од таборот на „модрите“ прашуваат за цената на младиот фудбалер кој се најде на листата на желби на многу европски клубови меѓу кои Спортинг Лисабон, Бешикташ.

Мамиќ и Седлоски се добри пријатели, некогашниот македонски репрезентативец беше првиот странец кој ја носел капитенската лента на хрватскиот тим.

Адем во дресот на Вардар има 35 прволигашки настапи и постигнато три гола.

Останува да видиме дали Динамо Загреб навистина е заинтересиран за неговите услуги.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата