x

Мамиќ ги искритикува динамовци и јавно ги објави платите на тренерите

Контроверзниот Здравко Мамиќ, поранешниот претседател на Динамо Загреб ги искритикува „модрите“ поради тоа што не сакаат да ги намалат платите во време на кризата со корона вирусот. Хрватскиот бизнисмен кој е во бегство затоа што е под истрага за финансиски малверзации во Хрватска, но со години беше прв оперативец на Динамо. Тој постави интересен статус.

Меси и соиграчите се откажаа од 70% од платите, белгиските фудбалери месечно ќе заработуваат по 1.700 евра, Жилина која е седумкратен првак на Словачка прогласи банкрот, Роналдо, Баерн Минхен, Јувентус и многу други се солидаризираа и покажаа дека на маката се познаваат јунаците. Динамо се подготвува за времето што следи и сите мораме да носиме дел од товарот. Сите успеси се тука, клубот никому не останал должен, па тоа донесе услови за работа какви што нема никој во овој дел од Европа. Тоа ќе го правиме и во иднина. Крај на играта“, напиша Мамиќ на својот Фејсбук профил.

Мамиќ ги објави и сумите кои ги земаат тренерите во Динамо. Првиот тренер Ненад Бјелица за 20 месеци добил преку 24 милиони хрватски куни или околу три милиони евра. (1куна = 0,13 евра).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата