x

Мамаев во карантин: Ќе полудам дома, во затвор ми беше поубаво

Рускиот репрезентативец Павел Мамаев е во домашен карантин поради ширењето на пандемијата на корона вирусот во Русија. Некогашниот фудбалер на ЦСКА Москва, а сега на Ростов лежеше и во затвор поради напад на политичар во ресторан (заедно со Кокорин), а сега е затворен дома во карантин и не може да излегува.

Ова е ужасно. Не можам да мрднам од дома. Нема со кого да се видам, ќе полудам. Искрено, поубаво ми беше во затвор. Се шегувавме, трениравме… Оставив многу пријатели таму. Тие сега се послободни од нас“, вели Мамаев за мерките кои Русија ги воведе после ширењето на корона вирусот на оваа територија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата