Овие фотографии ќе ве воодушеват, а кријат нешто што човековото око на прва топка не може да го види.

Во прашање се тела на голи жени кои се вешто сокриени зад овие преубави пејзажи. Жените се камулфирани и на некој начин се дел од преубавото опкружување во Порторико, Италија и Калифорнија.

Инаку, тие се дело на Филип Локо од Швајцарија, кој го има пропатувано светот за да најде совршена локација за овие уметнички дела.

Почнав да развивам интерес за голи тела, но не знаев во кој правец да одам. Еден ден дојдов на идеја да обојам тело и да го вклопам во природа, изјавил Филип. 

Целиот процес на сликање може да трае и до осум часа, а се зависи од комплекноста на опкружувањето и боите кои се користат.