Македонецот Александар Темелков, освен добрата изведба ја затресе и сцената „Sвездите на Гранд“ кога вчера ја крена Јелена Карлеуша, иако, меѓу другото, Марија Шерифовиќ се загрижи дека „детето ќе добие кила“.

„Не е шега“, извика Марија, а Поповиќ беше сериозен и рече дека Темелков може да ја крене пејачката. 

Саша Поповиќ го праша и продолжи:

„Можеш ли да ја кренеш Карлеуша?

„Можам“, одговори Александар, и веднаш настана вистински хаос во студиото.

“Ќе добие детето кила, не е шега!” викаше Марија, но тој беше упорен и на крај Темелков успеа во замислената намера на Поповиќ.

Во новата сезона на музичкото тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, настапува познатиот Александар Темелков кој досега неколку пати се натпреваруваше во регионалните музички шоуа.

Штом се појави на сцената, Темелков беше поздравен со аплауз од публиката која веднаш го препозна.

Тој на почетокот на натпреварувањето се претстави со песните “Само тебе јас те сакам” и “Ти ќе си моја” од Јордан Митев, а жирито го препозна по неговиот глас и знаеше за кого станува збор.

Ова не е првпат Александар да учестува во “Ѕвездите на Гранд”. 

Тој остана препознатлив кога пееше “Кило горе, кило доле” на Јелена Карлеуша која тогаш го зема Александар во раце и го врати на сцената.