Малолетник е тешко повреден кога синоќа во него удрил автомобил на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax