Пејачот на „Бјело дугме“ и „Дивљи јагоди“, Ален Исламовиќ беше популарен во екс Југославија, но ретко кој го знае неговото вистинско име.

Имено, на почетокот на 80тите кога „Дивљи јагоди“ ја стекнуваше својата популарност, продуцентските куќи го забележале младиот пејач Алија Исламовиќ, но му предложиле да го промени името во Ален.

Кога и се случи популарноста на „Дивљи јагоди“ во која беше и Ален, продуцентите на „Југотон“ добија идеја која нему не му се допадна на почетокот. Му предложија на Алија да го користи уметничкото име Ален со образложение дека тоа подобро звучи и така ќе стекне поголема популарност кај публиката. Тој не сакаше да го послуша советот, но набрзо попушти и ги послуша претпоставените. Денес, речиси никој не знае дека Ален се вика Алија, вели извор близок на Исламовиќ.

Од друга страна, и самиот Ален потврди дека негово вистинско име е Алија.

Точно е. Нема ништо чудно во  тоа, многу светски ѕвезди одбираат друго име со кое ќе се претстават во јавност,  најчесто некое име кое звучи интересно. Така беше и во мојот случај, изјави Исламовиќ во една прилика.