Македонија ќе позајми пари за да ги сервисира обврските годинава. Четвртиот пакет мерки вреди 470 милиони евра од кои 100 милиони евра се во кредити од Европската инвестициска банка, кои ќе се доделуваат преку Развојната банка на Македонија. Дел се ослободувања кои нема да имаат финансиски импликации. 

Премиерот Зоран Заев рече дека вкупно 160 милиони евра се од буџетот, додека другите средства се од оложување на аконтации, кредити. Сепак не прецизираше како и од каде ќе се позајмува.

„Водиме комплетна грижа за јавниот долг. Оваа година доспеваат најмногу обврски за отплата или вкупно 1,147 милијарди евра. Редовно ги враќаме обврските, но заедно со министрите правиме пакети да го поддржиме стопанство, рече Заев.

Тој вели дека не може да се пресмета колку ќе се зголеми јавниот долг.