x

Малком Армстед и следната сезона во дресот на Гостивар

Тенденцијата на обновување на договорите со своите кошаркари, КК Гостивар ја продолжи и денеска. Како што потврдија од клубот, денеска нов договор со гостиварчани потпиша и Малком Армстед.

Човекот кој беше МВП на АБА лигата пред пет години и кој го засили Гостивар во февруари оваа година, немаше простор да ги покаже своите квалитети во прекинатата сезона, но со новиот договор ќе има шанса да потврди за каков квалитет станува збор веќе следната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата