Мали шанси за компромис
Постои исклучително мала веројатност за компромис меѓу Србија и Албанците на Косовоо-изјави вчера Марти Ахтисари за АП , по завчерашното отфрлање на неговиот план во Собранието на Србија.Според него,соперничките страин се прилично вкопани во своите позиции кога станува збор за статусот на Косово.Албанците бараат целосна независност,додека Србите инсстираат покраината да остане нивна територија.Сепак,Ахтисари за АП изјавил дека има некакви надежИ двете страин во преговорите во Виена да постигнат некаков договор за техничките аспекти на предлогот.