– Похуваната риба ќе биде повкусна ако на презлите им се додаде малку рендан кашкавал.
– Во водата за варење на рибата треба да ставите филџан млеко и малку оцет или сок од лимон. Месото на рибата нема да се распаѓа и ќе биде поубаво и побело.
– Ако имате смрзната риба, пред употреба, оставете ја неколку часа во студена посолена вода.