Освен со неспорниот квалитет на фудбалскиот терен, германскиот репрезентативец Марио Геце може да се пофали и дека добро му оди во љубовта. Неговата девојка Ен Кетрин Брумел е магнет за машките очи, а неодамна дополнително ги загреа страстите на посилниот пол со провокативна фотосесија за списанието “Џи-Кју”.

Кетрин претставува најголемата инспирација на Геце, а доказ за тоа е што фудбалерот премногу се возбудува во нејзина близина. Таа е најголема причина за неговата добра игра на теренот, заради што шампионот на Германија, Баерн од Минхен, летово го купи од Борусија (Дортмунд).

Кетрин (23) заработува за живот како пејачка, манекенка и блогерка, а со Геце се запозна на почетокот од минатата година. Веќе во летото истата година почнаа да кружат сочни фотографии од нивниот заеднички одмор на Ибица.

По завршувањето на факултетот во 2010 година, убавицата започна музичка кариера, сама ги компонира своите песни и ги објавува под името Трина Б, а свири и клавир. Со манекенство се занимава од 16 години, а германските медиуми ја опишаа како амбициозн и љубопитна девојка.