x

Малинков нов тренер на Пелистер

Македонскиот тренер Љупчо Малинков е новиот предводник на Пелистер, кој седнува на клупата на местото на Србинот Зоран Тодоровиќ.

Малинков, во периодот од 2006–2013 беше асистент тренер во екипата на КК Фени Индустри кога освоија три титули во македонското првенство (2008, 2010, 2011), две куп титули (2008, 2010) како и титула во БИБЛ лигата (2011), а во периодот од 2013–2019 и главен тренер на екипата.

Од 2017 година е помошник тренер на сениорската кошаркарска репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата