Дамир Дадо Михајловиќ (37) од Нови Сад избоден е со остар предмет денес околу 14 часот пред едно кафуле во тој град дознава Курир.рс.

Српските медиуми соопштуваат дека тој е зет (за братучедка) на пејачката Наташа Беквалац, а караницата започнала во кафуле на неговиот брат.

Брзата помош веднаш излегла на лице место и ранетиот маж го пренела во Ургентниот центар КЦ Војводина.

„Пациентот Д.М. е примен во Клиничкиот центар Војводина со бројни исекотини по телото, контузија на главата и убодни рани на двете потколеници. Пациентот по комплетната дијагностика и правовремена хируршка обработка на раните е задржан во клиничкиот центар заради конзервативен третман и опсервација“, изјавија од Клиничкиот центар Војводина.

Полицијата изврши увид на местото и истрагата е во тек.