x

Малерот продолжува: Азар не се враќа на терен до крајот на ноември

azar

Паузата на белгискиот фудбалер Еден Азар е продолжена поради повредата која никако да биде санирана.

„Марка“ пренесува дека Азар нема да се врати на терените до крајот на ноември. Белгиецот го повреди мускулот на десната нога и последниот натпревар го одигра на 7 август.

Поранешниот играч на Челси пристигна во 2019 година во Мадрид за 115 милиони евра, но никогаш не успеа да врзе повеќе натпревари во серија. Минатата сезона одигра само 25 натпревари и постигна еден гол.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата