x

Малдини: Јас и мојот син Даниел ќе ја победиме короната (ВИДЕО)

Пред неколку денови дојде веста од Италија, дека Паоло Малдини една од најголемите италијански и европски фудбалски легенди, заразен од коронавирусот. Тој и неговиот син Даниел биле „позитивни“ на Ковид-19. По тој повод, синоќа со видео порака се огласи и самиот Малдини…

„Со ова видео сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои на разни начини, на мене, но и на мојот син Даниел ни ја дадоа поддршката. Сега сме добри, за седум дена очекувам да ја пребродиме целата оваа ситуација и да го победиме овој вирус. Сакам да им се заблагодарам на сите доктори, на сите здравствени работници, на медицинските сестри, полицајците, националната гарда за се она што го прават во овие денови. Поради нив јас сум горд што сум Италијанец. Им благодарам“, рече славниот Малдини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата