x

Малдини оздраве од коронавирус, а сега на операција поради камења во бубрези

Легендарниот италијански репрезентативец Паоло Малдини не присуствувал на вчерашниот тренинг на Милан, а „milannews.it“ соопшти дека техничкиот директор морал да оди на „операција“. Малдини бил задржан во болница и ќе биде опериран поради камења во бубрезите.

Ова е втор ваков случај на италијански фудбалер за еден месец откако претходно поради исти причини во болница беше Алесандро Дел Пјеро.

Малдини, кој ќе наполни 52 години за неколку недели, закачи и коронавирус од кој успешно се излекува.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата