Куќата во Пенсилванија во која Коби Брајант го поминал најдобриот дел од својот живот, е продадена за 810 илјади американски долари.

Поранешнниот дом на „Црната Мамба“ имаше пет спални соби, две бањи и беше многу удобен. Семејството на Брајант ја напушти оваа куќа во 2008 година, но реши да ја стави на продажба овој септември. Според податоците, куќата е продадена на 6 ноември за цели 810 илјади долари.

Коби, имал импровизирано во куќата соодветно место за тренирање кошарка. 

За потсетување, Брајант и неговата ќерка Џана беа меѓу деветте жртви во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година.