x

Макси Родригез: Го излажав Бенитез за да ме земе во Ливерпул

Во 2010 година Макси Родригез го напушти Атлетико Мадрид во насока на Ливерпул во јануарскиот преоден рок, но трансферот се завршил како што треба затоа што аргентинскиот офанзивец го излажал тогашниот менаџер на „црвените“ Рафаел Бенитез.

Како отидов во Ливерпул? Тоа е смешна приказна. Беше Божиќ, јас бев под договор со Атлетико Мадрид. Тогаш си бев дома, во Росарио кога ми се јави агентот и ми рече дека Рафа Бенитез ќе ми се јави и сака да се чуе со мене. Зборував со Бенитез, а тој ми даде 48 часа да одлучам дали сакам да одам во Ливерпул или не. А ми беше убаво во Атлетико, се навикнав на Мадрид, бев капитен на екипата… Бев главен играч. Но англискиот фудбал ме предизвикуваше. Некако ме повикуваше, а јас сакам предизвици. Сопругата ме поддржа во одлуката и решив да одам во Ливерпул. Но потоа следуваше прашање од Рафа: ’Сакам сите во екипата да знаат англиски јазик, тоа ми е многу важно’. Јас му реков да не се грижи“, раскажува Макси Родригез кој продолжи:

Се беше спремно. Новинарите дојдоа на пресот ме сликаа, а Бенитез ми кажа: ’Јас ќе почнам прв, а ти продолжи’. А јас му се свртев и му шепнав: ’Г-дине Бенитез, морам нешто да ви кажам, јас не знам ниту еден збор на англиски јазик’. Тој ми шепна: ’ти кучкин сине’ и потоа ми се насмеа. Сепак, презентацијата продолжи, го потпишав договорот и така станав фудбалер на Ливерпул. Паралелно учев и англиски јазик“, вели екс-аргентинскиот репрезентативец кој сегра игра за Њуелс Олд Бојс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата