Станува збор за монтиран случај – за кој ќе ги превземам сите правни дејствија реагираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски по прес конференцијата на министерот Венко Филипче и Ирена Бухова од Државниот здравствен и санитарен  инспекторат.

Димитриевски вели дека не станува збор за политичка пресметка, туку за различни ставови на Општинскиот кризен штаб и Кризниот штаб со кој раководи Филипче. Дополнинително Димитриевски порачува дека не треба да се ловат вештерки во здравствениот систем кој надлжените сами го поставиле погрешно.