Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва повторно преку ФБ предупредува на серизони пропусти во делувањето на надлежните органи во однос на извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, но и за самата процедура на тестирање за која надлежните биле известени пред да одржат седница на Кризниот штаб во Куманово.

– Почитувани,

Во врска со прилогот објавен во дневникот на ТВ Телма во 18.30 чсот би сакал да ја дадам следната изјава:

Иако од јавноста дознавам дека извештајот на Државен инспекторат е готов, и е доставен до МЗ и МВР, сакам да ве информирам дека како заинтересирана страна се уште не е доставен до Општинскиот штаб за да може по истиот да се произнесе. Затоа ке ја замолам директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во најкраток временски рок истиот да го достави до штабот, општината и сите заинтересирани страни.

Останувам на ставот дека состанокот е организиран по барање на владата и поради тоа е одржан во поголем простор и на друга локација од вообичаените редовни состаноци. Барањата на кои се повикува Владата се барања и апели на штабот кои се однесуваат на мерките за борба против епидемијата која е наш приоритет во моментов а не барања за посета на штабот и за оваа постојат докази.

Зачудува некоординираноста и меѓусебната неинформираност во Министерството за здравство и органите кои се под нивна надлежност, членовите на општинскиот штаб се тестирани три дена пред одржувањето на состанокот на барање на епидемиолог кој исто така е од МЗ и е придружен член на штабот кој направи чекинг тестирање.

Доколку таа информација била достапна на членовите на владата, чиј што дел е и министерот за здравство г-дин Венко Филипче, состанокот веројатно немаше да се одржи или пак доколку во тој момент постоеше протокол кој регулира тестирање и задолжителна самоизолација по извршено тестирање.

Зошто членовите на штабот не добија такви насоки а воедно и сите други тестирани лица во градската болница кои претходно беа тестирани а воедно и сите граѓани?

Исто така потенцирам дека до тој момент никој од членовите на штабот не знаеше дека на тестовите направени од ЦЈЗ Куманово е позитивен иако тестовите дента биле веќе завршени и познати резултатите што се гледа и од самите резултати.

Дополнителното тестирањата и анализите кои ги направив јас и уште еден член на штабот во приватни здравствени установи на кои сме НЕГАТИВНИ, даваат нова димензија на целиот случај.

Безбедносните процедури се почитувани во целост од наша страна, пријава до матичен лекар, епидемиолог, пријава на 192, транспорт со возило на брза помош, преглед на инфективно оделение, ренгенска снимка по процедурите за безбедност под придружба и под соодветна заштитна опрема, за тоа постојат уредни докази.

Веднаш по добиените резултати имав комуникација со министерот за здравство и барав соодветно објаснување, кое се уште не сум го добил, ја информирав јавноста и побарав од ЦЈЗ Куманово веднаш повторно да се тестирам, со цел побрзо да се вратам на моите работни обврски и борбата против епидемијата во градот која за жал носи човечки животи.

Сакам да верувам дека е направена ненамерна грешка, и во овој момент нема да коментирам, ке оставам јавноста да суди а надлежните да се произнесат.- пишува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва на ФБ