Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара извинување од бугарскиот премиер Бојко Борисов за последната изјава на вицепремиерот во неговата влада и Министер за одбрана, Красимир Карачаканов:

„Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота“-побара денеска Димитриевски

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин…

Posted by Maksim Dimitrievski on Сабота, 28 ноември 2020

Каракачанов изјави дека Заев е „Бугарин на кој мозокот му работи споро“.