Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Брегот на Слоновата коска и на неговиот 42. Роденден му беше доделена титула на традиционален поглавар.

Титулата во Абиџан, почесно му ја доделил градоначалникот на престолнината на Брегот на Слоновата коска, Робер Бегре Мамбре.

„Името кое од мене го побараа традиционалните и верски поглавари да ви го доделам е Нџекуала, односно оној кој го претставува мирот о ведрината, оној кој е во потрага за мир, кој со своите дела работи за мир“ рекол Мамбре.

Тој нагласил дека Макрон сега е традиционален поглавар во согласност со најизворната традиција на Брегот на Слоновата коска.

Францускиот претседател за време на посетата доби и традиционална облека на поглавар. Макрон рекол дека француските сили убиле 33 терористи во областа Мопти во Мали.

извор: Makfax