Францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање воена команда за вселената, за време на говорот во пресрет на националниот празник Денот на падот на Бастилја.

„Со цел да се обезбеди развој и зајакнување на нашите вселенски капацитети, во септември ќе биде формирана голема вселенска команда“ во рамките на воздухопловните сили кои „на крај ќе станат воена сила на воздухопловството и вселената“, рече Макрон во говорот во Министерството за одбрана.

Националниот празник ќе биде обележан со воена парада на авенијата на Елисејските полиња во Париз.

извор: Makfax