Францускиот претседател, Емануел Макрон вели дека нема никаква симболика во тоа што дабот што му го подари лани на претседателот на САД, Доналд Трамп се исушил. Макрон порача дека луѓето не би требало да ја поврзуваат симболиката со сѐ и најави дека на американскиот претседател ќе му биде испратено ново дрво.

„Ќе му испратам уште едно, тоа не е трагедија“, изјави Макрон за швајцарската телевизиска мрежа „РТС“ на маргините на состанок во Женева.

„Не барајте симбол таму каде што го нема, симболично е тоа што дрвото го засадивме заедно“, оцени Макрон, пренесе „Ројтерс“.

Макрон му го предаде младото дрвце на Трамп за време на државната посета на Вашингтон во април минатата година. Сепак, неколку дена подоцна дрвото било отстрането и ставено во карантин согласно задолжителна постапка за увоз на живи организми во САД. Дрвото оттогаш не се појавило повторно. Еден дипломатски извор изјави дека дабот овенал додека бил во карантин.

Дрвото беше пренесено од Белоу Вуд, во близина на Париз, каде за време на Првата светска војна речиси 2.000 Американци загинале во битка за време на Првата светска војна.

извор: Makfax