x

Макрон лобирал кај Меркел и Конти да нема фудбал и во Германија и Италија!

Досега официјално сезоната заврши во Франција, Белгија, Холандија, Шкотска… и во уште неколку земји во Европа, и тоа поради проблемите со Ковид -19. Денеска треба да се знае дали ќе рестартува во Германија, а утре пак во Италија.

По повод тие најави, синоќа според медиумите во Франција, поточно ова се инсајдерски имформации на „Ле Паризијен“, претседателот на таа држава Емануел Макрон лично завртел неколку телефони, поточно лобирал кај Ангела Меркел, канцеларката на Германија, и Џузепе Контe, премиерот на Италија, и тие да го откажат продолжението на сезоната. Според Макрон немало адекватни услови на Стариот континент да се продолжи фудбалската сезона. И ако во сите останати спортови созначено е дефинитивен крај, зошто тогаш фудбалот би бил исклучок. Да потсетиме дека Франција пред два дена стави клуч на сезоната 2019/2020.

Допрва ќе видиме дали лобирањето на Макрон било успешно,  допрва ќе ја видиме реакцијата на Меркел и Контe.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата