Францускиот претседател, Емануел Макрон, изрази сомнеж во врска со решението кое подразбира создавање две држави меѓу Израелците и Палестинците, а во исто време се сомнева во успешноста на мировниот план кој неделава го објавија Соединетите држави.

„Јас верувам во два суверенитета“, рече Макрон на прашањето на „Фигаро“ дали верува во две држави, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Макрон исто така рече дека нема да претстави својот план, но посочи дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп може да се избори и да успее.

„За мир се потребни двајца“, рече Макрон, додавајќи дека нема мир ако тоа го сака само едната страна.

Американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се создаде палестинска држава со главен град во делови од источен Ерусалим, велејќи дека тоа е ситуација со која добиваат и двете страни. Тој за израелско-палестинскиот конфликт предлага решение со две држави.

Трамп изјави дека со неговиот договор ќе се удвои територијата под палестинска контрола во „новата држава“ и дека главниот град ќе биде во источен Ерусалим.

Американскиот претседател посочи дека направил многу за еврејската држава, но сакал договорот да биде добар и за Палестинците, велејќи дека ова за нив е историска можност да имаат своја независна држава.

 

 

 

 

 

 

 

извор: Makfax