Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз изјави дека безбедноста на Европската Унија веќе не треба да зависи од САД.

„Европа не може да ја довери својата безбедност само на САД”, рече Макрон на годишниот состанок на амбасадорите во Париз.

„Наша должност е да ја преземеме одговорноста и да ја гарантираме европската безбедност, а со тоа и суверенитетот на ЕУ”, додаде тој.

Франција е подготвена да продолжи со воздушните напади во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје во акциите на владините сили, изјави денеска Макрон.

Макрон ги посочи првите резултати од заедничкиот руско-француски механизам за справување со сириската криза.


„Франција не може да ги поставува идните сириски лидери. Но, наша должност и наш интерес е дека сирискиот народ може да го направи тоа“, изјави францускиот претседател, додавајќи дека стравува од појава на сериозна хуманитарна криза во сириската провинција Идлиб.

 

извор: Makfax