„Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на Ковид-19. Впрочем, борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка. Пандемијата многу погласно се придружи на сите млади активисти, љубители на природата и посветени научници и скромни институции, во подигнување на свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата како од вирусот, така и од последиците од климатските промени“, изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули по повод Денот на планетата Земја.

Според него, пост-ковид стратегијата мора да има три компоненти:јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство, опоравување на економијата која мора да биде циркуларна во својата суштина и приоретизирање на еколошките предизвици.

„Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење на обновливи извори и масовна примена на енергетската ефикасност, не смее да запре.Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на опоравување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да се опоравува без дополнителни штети врз животната средина.

Мерките против корона вирусот нѐ научија, верувам сите, дека еднаш неделно можат сите на работа и без автомобили, друг ден да работат од дома и сл.
Податоците од светот покажуваат дека населението во местата со зголемени емисии на ПМ2.5 честитки, се поранливи од вирусот.Затоа, Планот за чист воздух кој предвидува јавните и државните институции да не загадуваат и субвенционирањето на домаќинствата за еколошки начини на затоплување, мора да се реализира во пократок временски период.

Годинава, Денот на планетата мајка, коинцидира со и супер годината на биодиверзитет, како најдобар индикатор за здравјето на планетата.Само доколку борбата против климатски промени и загубите на биодиверзитетот ги претвориме во одржливи модели, можеме да зборуваме за зачувување на здравјето на планетата земја“, вели Макрадули.

извор: Makfax