Чекоров е скоро 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање и е првиот Македонец што има истрчано 100км и се уште држи македонски рекорди во 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка(890км). Смилков е повеќе години активен во фитнесот и е активен маратонец.

Идејата е стара 15 години и дојде откако кај мене дојде издание на Гинис каде што на фотографија видов како двајца туркаат кола. Тогаш немав уште еден партнер . Годинава во мај и јуни ги пробавме пропозициите и летово имавме десетина сериозни тренинзи, вели Чекоров.

Автомобилот се туркаше на кружна патека во Форца. За регуларноста на настанот и запазување на правилата поставени од Гинис се грижеше 7-члена комисија составена од неколку судии од Атлетската федерација на Македонија. По успешно рушење на рекордот сите доказни материјали, видео и фотографии, се испраќаат до Гинис каде во следните недели треба да се верификува рекордот.