Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев наместо, како што велат од таму, да ги пушта своите полтрони по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести синдикалните членови вработени во МВР, кој е неговиот советник што е позитивен на Ковид-19, со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со заразениот.

Од синдикатот воедно изразуваат целосна подршка до сите колеги кои деноноќно се на терен.

„Рамо до рамо со медицинските лица несебично вложивте натчовечки напори да ја одржите ситуацијата со ширењето на заразата под контрола“, се наведува во поддршката која од полицискиот синдикат ја упатуваат до своите униформирани колеги .

 

 

 

извор: Makfax