Македонските концепт соопшти дека како политичка платформа на граѓански активисти се залага за законска и обврзана одговорноста за дадените политички ветувања, за казнивост и понесување казнена одговорност за политичарите и функционерите на власт, за целосно и сеопфатно владеење на правото.

„ Почитувани граѓани, СДСМ е партијата која воведе правило на неказнивост на функционери и политичари во оваа земја. Ја суспендираа правдата и не донесоа реформирано судство. Срамота е сега на овие избори да го ветуваат тоа кое не го исполнија во последниот период. СДСМ ја стави на залог и ја забави нашата интеграција во Европската Унија, токму поради компромисот што го направи со криминалците од минатото. Без тоа ќе бевме веќе започнати со преговори со Европската Унија. СДСМ мора да сноси одговорност на овие избори за забавената европска интеграција, на база на суспендираниот правен систем во земјава”, истакнува Петар Богојески.

Македонски концепт истакнува дека нејзиниот услов за формирање Влада ќе биде носење на неколку клучни закони, Закон за политички партии, Закон за пратеници волонтери и Закон за финансиска лустрација на политичарите и за понесување одговорност за неисполнети политички ветувања. Овие принципи и вредности за кои се залага Македонски концепт ќе предизвикаат демократизација на земјата и создавање Влада и Парламент кои ќе работат за доброто на граѓаните.

извор: Makfax