Фокусот на овогодинешниот Самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој.

Самитот претставува платформа за воспоставување комуникација помеѓу македонската деловна заедница и гостите од странство, со цел да се трасира патот на развојот на домашната економија.

Самитот е наменет за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери.

Дел од говорниците на Самитот се Хери Кремер, Професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД и автор на бестселери за лидерство засновано на вредности; Џејмс Логан Џонс, поранешен советник за безбедност на Претседателот на САД, Гуру Банавар, Извршен директор за технологии на ИБМ, претставници на Одборот на директори на Македонија2025 и светски реномирани економисти и менаџери.

Во изминатиот период, Македонија2025 успешно организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и Париз. Овие настани резултираа со повеќе од 30 работни сесии на кои учествуваа 100 говорници од Македонија и од 40 други земји низ светот, кои ги проследија повеќе од 900 гости. Од оваа интеракција произлегоа 200 билатерални средби помеѓу компаниите.

За повеќе информации околу учеството и котизацијата, посетете ја интернет страната на Македонија2025:  www.macedonia2025.com.