Доктор, општ лекар во Брза Помош во Македонски Брод, прв братучед на пратеничкa од власта,според документите, е тестиран за Ковид19 и добиен е резултат 7 дена после тестот.

Оваа информација, од јавен интерес, која ја доставија свиркачи до Вечер.мк, ја објавуваме со заштита на личните податоци, заради заштита за јавното здравје и спречување ширење паника, во време на вонредна состојба.

На 12 април е примен, хоспитализиран на инфективно во Прилеп. Тимот од Брза помош во Македонски Брод, до овој момент, сеуште не е во изолација.

Сеуште не се дозволува оваа информација да се сподели со јавноста и медицинскиот персонал во Македонски Брод.

Заради заштита на лични податоци и спречување ширење паника, Вечер.мк не го објавува документот.

За оваа состојба, предупредување беше објавено и на социјалните мрежи

Инаку директор на болницата во Македонски Брод е братот на локалната пратеничка Анета Симеска (СДСМ).