x

Македонските клубови зимава ќе ја “прескокнат“ Анталија?

antalija-podgotovki

Се чини дека, по цели 15-16 години, оваа зима нема да има наши клубови кои дел од своите зимски подготовки ќе ги одработат во Анталија, во познатиот спортско – туристички бисер. Јасно е дека пандемијата со коронавирусот е главната причина, па како што дознава СПОРТМЕДИА, иако најмалку 4-5 клубови планирале да заминат во јануари во Анталија, сепак сега се предомислуваат.

Имено строгите протоколи за Ковид-19 во хотелите и за играњето на пријателските натпревари, а нели затоа и се оди во Турција, како малку да ги “оладија“ нашите клубови. А било планирано со еден чатрер неколку клубови заедно да отпатуваат во Анталија и заедно да се вратат.

Дури еден наш клуб и го букирал својот престој таму во еден познат хотел, за да сега се размислува да ја откаже резервација.

Од ова произлегува дека Охрид, Струга, Дојран ќе бидат зимските бази за нашите прволигашки клубови во текот на зимските подготовки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата